
Фото: Принтскрин
Тело на млад човек, на возраст од 25 години, беше пронајдено денеска во Улицата Цара Душана во Земун, Србија, објави српски „Курир“.
Според првичните информации, телото било врзано и замотано во тепих, а на него биле забележани повреди.
Полицијата и истражителите работат на утврдување на идентитетот на сторителот, при што се претпоставува дека жртвата и осомничениот се познавале. Неофицијално, двајцата биле видени заедно синоќа, што дополнително го отвора прашањето за мотивот на злосторството.
Истрагата е во тек, а надлежните органи најавуваат повеќе детали во текот на денот.