
Фото: Принтскрин
Полициски службеници од СВР Скопје на 20 септември привеле 35-годишен жител на скопското село Кондово, со иницијали А.Г., под сомнение дека подметнал пожар врз автомобил.
Според информациите, истиот ден околу 9 часот наутро во Кондово тој со бензин запалил патничко возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички, во сопственост на неговиот сосед Ш.Ѓ. (51).
Против осомничениот е поднесена кривична пријава за делото „предизвикување општа опасност“, согласно член 288 од Кривичниот законик.
Видео: skopje1mk