
Фото: Принтскрин
Станбена зграда во Стразбур во саботата ја зафати голем пожар во кој животот го загуби 50-годишен маж со попреченост, додека уште осум лица беа повредени и пренесени во болница со релативно тешки повреди, јавуваат француските медиуми.
Според информациите на телевизијата BFM TV, пламенот започнал од приземјето и за кратко време се проширил сè до горните катови. Пожарникарите се бореле со огнената стихија до доцна во ноќта, обидувајќи се да ја локализираат и изгаснат.
Очевидци опишуваат драматични сцени – некои деца биле приморани да скокаат од прозорците за да се спасат, а една жена останала заробена на покривот. „Сè се случи многу брзо, луѓето беа исплашени и во паника,“ изјави Надија Зурги, заменичка на градоначалникот на Стразбур задолжена за јавниот ред.
На терен биле испратени 59 пожарникари со 30 возила, а местото на несреќата се наоѓа на околу три километри од прочуената катедрала во градот.
Strasbourg: au moins une personne décédée lors de l'incendie d'un immeuble pic.twitter.com/N8uGIknULs
— BFMTV (@BFMTV) September 21, 2025