
Фото: Принтскрин
Необичен и драматичен инцидент се случил во Орландо, Флорида, каде 70-годишната Ширли Пасаманиќ со својот верен териер Спарки (14) доживеала напад од питбул додека била на шопинг.
Според сведоштвата, питбулот одненадеж се нафрлил врз малото куче, по што Ширли, во очајнички обид да го спаси својот миленик, го каснала агресивното животно за вратот и почнала да го удира со бастунот што го носела со себе.
Неколку минути подоцна се појавил сопственикот на питбулот и го извлекол своето куче, но, како што се наведува, не покажал никаква загриженост ниту кон нападнатото животно, ниту кон постарата жена.