
На концертот во Штип, пред повеќе од 100.000 луѓе, познатиот музички уметник Дино Мерлин ја започна изведбата на својот хит „Да је туга снјег“ на мошне емотивен начин.
Додека ги очекуваше првите тонови, на големиот видео-бим зад него се појави натписот „Кочани“ придружен со симбол на скршено срце – потсетување на трагичниот настан што засекогаш остана врежан во поновата македонска историја.
Гестот беше пречекан со громогласен аплауз, а кај дел од присутните предизвика и солзи. Настапот ја доби дополнителната тежина токму поради ова емотивно потсетување.

