
Фото: Принтскрин
Зоран Николов, член на Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, го освои највисокиот врв на Европа -„Подвигот на Николов е резултат на голема истрајност, силна љубов кон планината и планинарски дух кој инспирира. Веруваме дека неговиот успех ќе биде пример за сите идни планинари,“ соопштија од ПСК „Осогово“.
Искачувањето на Елбрус било дел од десетдневна експедиција во Русија, а за Николов тоа не е прво големо достигнување.
Тој веќе има богато искуство зад себе – меѓу неговите досегашни успеси се и искачувањето на Арарат во Турција, масивот Памир во Киргистан, неколку врвови на Алпите во Швајцарија, Италија и Франција, како и јужноамериканскиот гигант Аконкагва во Аргентина. Елбрус на Кавказ, висок 5.642 метри.