
Фото: Принтскрин
На 19 септември 2025 година, во 09:00 часот, во СВР Штип С.Д. (25) пријавила дека нејзината 12-годишна сестра во текот на изминатите три месеци била изложена на физички напади и психичко малтретирање од 13-годишна малолетничка. Според пријавата, нападите биле снимани со мобилен телефон.
Во полициската станица, во присуство на родителите на двете страни, бил извршен службен разговор со малолетничката која ја напаѓала девојчето, како и со уште еден малолетник инволвиран во настанот.
По целосно расчистување на случајот, надлежните најавуваат дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци во согласност со законот.