
Фото: РФМ
Женските ракометни репрезентации на Тунис и Египет одиграа нерешено (25:25) во последното коло од меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“, што се одржуваше во Охрид. Со овој резултат, македонските ракометарки го обезбедија првото место на турнирот.
Иако Египет имаше минимално водство во завршните минути и беше на прагот на победа, Тунижанките успеаја да израмнат и да извлечат бод. Тоа реми, пак, значеше големо славје за македонската селекција, која претходно службено го доби мечот против Грција поради нивното откажување од натпреварувањето.
Конечниот пласман гласи: Македонија на првото место, потоа следуваат Грција, Египет и Тунис.