
Фото: Принтскрин
Според податоците на градските власти, околу 1.500 лица денеска излегоа на автопатот во Холандија, извикувајќи пароли како „Застанете за Холандија, нашиот народ на прво место“.
Демонстрациите брзо ескалираа откако дел од учесниците почнаа да фрлаат камења и шишиња кон полицијата, а еден полициски автомобил беше запален, јавува холандскиот јавен сервис „NOS“.
Од полицијата информираа преку социјалната мрежа Икс дека настанот бил ставен под контрола со ангажирање на специјалните единици. За растерување на толпата биле употребени водени топови и солзавец.
Binnenhof afgegrendeld! pic.twitter.com/YyKi0n7AK0
— Jack. (@Daarbenikweer3) September 20, 2025
Happening now in The Hague.#malieveld pic.twitter.com/zbzjNMmit1
— Isolated Incidents (@diversity999x) September 20, 2025