Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Уапсен рекетар – се претставил како член на криминална група и му барал пари за да го штити

Gladiator 20/09/2025

Фото: МВР

Основното јавно обвинителство во Скопје отвори истрага против тројца лица осомничени за изнуда, кривично дело предвидено во член 258 од Кривичниот законик.

„Во периодот од 16 до 18 септември, првоосомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, употребил сериозна закана и присилил еден оштетен да му исплати 60.000 денари.

Осомничениот му се претставил на оштетениот како припадник на криминална група и побарал да му даде 1000 евра за да го заштити од други луѓе кои претходно му барале пари. Истовремено му се заканил да не пријавува во полиција, бидејќи ќе го убие и ќе му ја запали куќата.

Оштетениот првиот ден му дал 30.000 денари, бидејќи толку можел да извади од банкомат, а потоа сепак пријавил во полиција. Два дена подоцна, кога се договориле за преземање на остатокот од парите, банкнотите биле претходно крим-технички обработени. Веднаш по предавањето, осомничениот е уапсен на лице место и кај него се пронајдени парите.

Истрагата опфаќа уште две лица за кои, согласно доказите обезбедени до овој момент, обвинителството дојде до основано сомнение дека претходно, во текот на август и септември годинава, во повеќе наврати изнудувале пари од истото лице. Тие го уверувале дека парите посредно се наменети за други лица, со цел да не му наштетат нему и на неговото семејство, со што постои сомнение дека го присилиле да им исплати вкупно 27.000 евра“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје синоќа достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен кој беше фатен на лице место при извршување на кривичното дело, како и мерки на претпазливост – задолжително јавување во суд и забрана за приближување до оштетениот и неговото семејство за другите двајца осомничени.

Tags: полиција рекетар

Continue Reading

Previous: (Видео) Полска ги крена ловците: Русија изведе масовен напад со ракети и дронови врз Украина
Next: (Видео) Украина го возвраќа ударот – погодени две рафинерии во Русија

Најново

  • (ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици
  • (ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија
  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици

(ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици

22/01/2026
(ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија

(ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија

22/01/2026
Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

22/01/2026
Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

22/01/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици
  • (ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија
  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.