
Фото: Принтскрин
Владата на Косово на денешната седница усвои одлука за проширување на санкциите кон Русија и Белорусија поради војната во Украина, пренесува порталот „Репортери“.
Министерот за внатрешни работи во технички мандат, Џељал Свечља, изјави дека предлогот бил поднесен од Министерството за надворешни работи како дел од продолженото усогласување со рестриктивните и економските мерки што ги има воведено Европската Унија.
„Со цел да се поддржи спротивставувањето на агресијата на Руската Федерација врз Украина, во согласност со санкциите на ЕУ и САД, Министерството за надворешни работи предложи усвојување на одлука за спроведување на 15-тиот, 16-тиот, 17-тиот и 18-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија, како и дополнителните мерки што произлегуваат од нив“, изјави Свечља.