
Фото: Принтскрин
На социјалните мрежи во Македонија деновиве се појави видео кое брзо стана вирално, во кое млада инфлуенсерка Елена Ѓорговска јавно ја открива вредноста на својата облека и модни додатоци.
Во видеото таа набројува детали од својот изглед – часовник проценет на околу 30.000 евра, накит, чевли и фустан од познати брендови, како и чанта „Шанел“. Вкупната сума на нејзиниот „аутфит“ надминува 50.000 евра.
Она што дополнително го привлекува вниманието на јавноста е фактот дека инфлуенсерката е млада студентка по медицина, а социјалните мрежи „експлодираа“ од реакции.