
Фото: Принтскрин
Венецуела започна тридневни воени вежби и објави снимки и фотографии од своите борбени авиони од руска производство, како демонстрација на сила насочена кон Соединетите Американски Држави, јавува CNN. Вежбите се одржуваат во услови на зголемени тензии поради испраќањето на американски воени бродови во Карибите.
Повеќе од 2.500 војници се распоредени на венецуелскиот карипски остров Ла Орчила за маневрите наречени „Суверени Кариби 200“, кои опфаќаат воздушни, поморски и копнени операции. Според министерот за одбрана Владимир Падрино, во нив учествуваат 12 воени бродови од различни класи, 22 авиони и околу дваесет други пловила.
Падрино истакна дека вежбите претставуваат одговор на присуството на американски воени бродови во регионот. Од Вашингтон тврдат дека нивната мисија е насочена кон спречување на трговијата со дрога. Меѓутоа, венецуелскиот претседател Николас Мадуро е убеден дека вистинската цел е обид за промена на режимот.
Во понеделникот, властите во Каракас објавија снимки од борбените авиони „Сухој Су-30“ опремени со противбродски ракети.
🇺🇸🇻🇪 BREAKING: Venezuelan Air Force parades Russian SU-30 fighters armed with supersonic Kh-31 missiles as US-Venezuela tensions rise.
— Defence Index (@Defence_Index) September 17, 2025
Venezuela plans to challenge US F-35s with aging Russian Su-30s… 👀 pic.twitter.com/0setuYWQIz