
Фото: Принтскрин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили се подготвуваат за уште две големи офанзиви, и тоа по трите неуспешни кампањи што веќе ги водеа оваа година.
„Според нашите информации, тие се подготвуваат за уште две офанзивни операции во текот на есента. Три веќе пропаднаа, а пред нас стојат две нови и тешки кампањи“, порача Зеленски, додавајќи дека Москва нема доволно воена моќ за да постигне значителен успех.
Неговите коментари доаѓаат само неколку дена по информациите на „Ројтерс“, според кои рускиот претседател Владимир Путин на американски претставници им дал до знаење дека до крајот на 2025 година има намера целосно да ја заземе регијата Донбас на истокот од Украина.
И покрај оваа цел, податоците покажуваат дека напредокот на руската армија е минимален. Од ноември 2022 година, Москва успеала да прошири контрола на помалку од еден процент од украинската територија. Дури и летната офанзива во 2025 година, која се сметаше за најинтензивна од крајот на 2024, не донесе пресврт што Кремљ го очекуваше.
