
Здружението ЛИНА – СПАСИ Живот извести за вознемирувачки инцидент кој се случил во Кавадарци, кога во текот на денот, во приватен двор, било пукано во мало кученце.
Сторителот веднаш бил пријавен кај полицијата, која му ја одзела пушката и го привела. Од ЛИНА најавија дека очекуваат целосен извештај од МВР и дека јавно ќе го соопштат идентитетот на одговорното лице.
Кученцето добило првична ветеринарна помош во Кавадарци, а наскоро ќе биде префрлено во Скопје за понатамошно лекување.
Здружението упати апел до Јавното обвинителство да постапи според Кривичниот законик за дела против животните и да се изречат највисоките можни санкции.