
Фото: Принтскрин
Македонската женска ракометна репрезентација со стил го отвори меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“, совладувајќи ја селекцијата на Тунис со убедливи 34-27 во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
По израмнетиот почеток на средбата, нашите ракометарки ја презедоа иницијативата и во 21. минута поведоа со 11-7. До крајот на првото полувреме не дозволија противникот да ја врати неизвесноста, па на одмор заминаа со предност од 15-12.
Во продолжението од мечот Македонија ја зголемуваше предноста со сигурна игра во нападот и стабилна одбрана, а водството набрзо стигна и до +5 (24-19) во 45. минута. До самиот крај „црвено-жолтите“ без поголеми проблеми ја контролираа играта, за на крајот да запишат заслужен и висок триумф од 34-27.