Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Сведоштво на девојка: Росица не била единствена жртва и други жени исто така го пријавувале Илија Стефановски

Gladiator 18/09/2025

Една девојка открива дека уште пред 12 години го пријавила Илија Стефановски во полиција, но таа не била единствената – постојат и други жени кои доживеале слични закани и малтретирања.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права информираа за „Слободен печат“ дека имаат податоци за најмалку четири жени кои од 2013 година па наваму го пријавувале Стефановски. Тие укажуваат дека тој им се заканувал, ги следел, ги малтретирал, а на јавни места пишувал навредливи графити со нивните имиња. Некои од овие жени повеќепати се обраќале во полиција – со пријави од 2013, 2017 и 2019 година.

Росица од Велес не била единствена жртва на неговото психолошко малтретирање. И други девојки со кои бил во врска доживеале слични ситуации, мака мачејќи се да прекинат контакти бидејќи тој не прифаќал.

„Со него бев во врска година и половина. Кога кажав „не“, тоа не го прифати. Постојано ми се јавуваше, ми пишуваше и се појавуваше на местата каде се движев. Имаше драматични испади и закани дека ќе се убие ако не бидеме заедно“, сведочи една од жртвите, чие име е познато на редакцијата, но е заштитено на нејзино барање.

Таа открива дека првпат го пријавила во полиција уште во 2013 година, откако ѝ го одзел телефонот и со него праќал мејлови во нејзино име, со цел да ѝ наштети, а се заканил и на нејзината сестра. И покрај ова, малтретирањето продолжило – од графити со навреди, до физички напад што ја однел во болница.

Девојката додава дека кога изгубила интерес за него, започнала нејзината голгота. Стефановски ја обвинуваше дека е љубоморна и ја пријавуваше во Скопје, додека институциите често не постапуваа соодветно.

Адвокатката Катерина Котеска Стисниоска вели дека условните осуди за семејно насилство не се доволни и нагласува дека полицијата и центарите за социјални работи често не ја штитат жртвата на соодветен начин. Според неа, сторителите треба да се подложат на строг третман и ефективна казна затвор, вклучително со психијатриско лекување.

По двојното убиство и самоубиството во Велес, Министерството за внатрешни работи најави проверка за евентуални пропусти, но одговорноста делумно ја префрли кон Обвинителството и судот. Обвинителството потврди дека Росица повеќепати барала заштита, вклучително забрана за приближување и контакти, кои сепак не биле доволно спроведени.

Стефановски постојано ја вознемирувал Росица – од навреди и закани, до физички напади и уништување на имотот. Велешкото обвинителство поднесе обвинение за загрозување на сигурноста на Росица и за нанесена повреда. Психијатриското вештачење покажа дека тој не бил психички болен, ниту имал патолошка опсесивност.

Убиството се случи на 15 септември, кога Стефановски со нож ги нападна Росица и нејзиниот татко, а потоа изврши самоубиство. Полицијата потврди дека на местото на настанот биле пронајдени мртви Росица и нејзиниот татко, како и Стефановски.

Tags: велес илија стефановски росица убиство

Continue Reading

Previous: Само мајка го може ова: Влетала во станица и нападнала полицајка поради својот син
Next: Ѓорческа се пласира во четвртфинале на турнирот во Куршумлиска Бања

Најново

  • Тајни преговори на хоризонтот: Техеран отворен за договор со Вашингтон!
  • (ВИДЕО) Насилството врз жените не познава граници: време е за одговорност и заштита!
  • Свештеникот што тргна по мир во Тараба – и го плати со својот живот!
  • Му се заканувале на министерот и на полицијата: Ромите кои протестираа за да возат без возачки дозволи добија кривични пријави
  • Скандал на мрежите: Злоупотребен идентитетот на Игор Џамбазов во лажни реклами за слабеење!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Тајни преговори на хоризонтот: Техеран отворен за договор со Вашингтон!

Тајни преговори на хоризонтот: Техеран отворен за договор со Вашингтон!

24/03/2026
(ВИДЕО) Насилството врз жените не познава граници: време е за одговорност и заштита!

(ВИДЕО) Насилството врз жените не познава граници: време е за одговорност и заштита!

24/03/2026
Свештеникот што тргна по мир во Тараба – и го плати со својот живот!

Свештеникот што тргна по мир во Тараба – и го плати со својот живот!

24/03/2026
Му се заканувале на министерот и на полицијата: Ромите кои протестираа за да возат без возачки дозволи добија кривични пријави

Му се заканувале на министерот и на полицијата: Ромите кои протестираа за да возат без возачки дозволи добија кривични пријави

24/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Тајни преговори на хоризонтот: Техеран отворен за договор со Вашингтон!
  • (ВИДЕО) Насилството врз жените не познава граници: време е за одговорност и заштита!
  • Свештеникот што тргна по мир во Тараба – и го плати со својот живот!
  • Му се заканувале на министерот и на полицијата: Ромите кои протестираа за да возат без возачки дозволи добија кривични пријави
  • Скандал на мрежите: Злоупотребен идентитетот на Игор Џамбазов во лажни реклами за слабеење!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.