
Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски, за време на посетата на општина Јегуновце, најави дека Владата подготвува законски измени со кои значително ќе се заострат казните за несовесно однесување кон животната средина.
Посебен акцент, како што истакна тој, ќе биде ставен на лицата кои свесно подметнуваат пожари или фрлаат отпад на места каде што тоа е строго забрането.
„Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со кои подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање смет онаму каде што не му е местото ќе биде друго кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години“, кажа премиерот Мицкоски.