Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Емотивен статус на мајката на загинатиот Андреј: Шест месеци без тебе, душата ми е искината на милион парчиња

Gladiator 17/09/2025

Фото: Marija Petrushova

„Син на мајка – Андреј. Сине мој, сè уште стоиш во мојот телефон како ‘Син на мајка’. Секој ден повторно ги отворам нашите разговори и читам… барам трага од тебе, глас што нема да замолчи. Зборови што ми се како здив, но и како нож. Телефонот ми е во рака, проверувам – дали си ми пишал, дали имам пропуштен повик… секојпат се надевам на чудо. Сеуште ја бирам твојата шифра, почнувам порака – пишувам, пишувам – а одговор нема. Само мртва тишина.

Поминаа шест месеци, сине. Шест месеци без тебе, без твојата насмевка, без твоите прегратки. И јас одбивам да прифатам дека никогаш нема да се вратиш. Душата ми е искината на милион парчиња. Секој ден ми е потежок, секој здив ми е потежок. Болката расте, а со неа и празнината.

Секогаш се сеќавам на ноќта… Ноќта кога петнаесет минути неизвесност беа мојата најголема светлина. Последната вест што ја слушнав кога ве барав пред ужасот кој го затеков пред дискотеката: „Со амбулантно возило отидоа во болница, Андреј беше со слаб пулс, Кристијан е во свесна состојба, со него е…“ Петнаесет минути надеж. Петнаесет минути вера дека ќе останете живи и двајцата. А потоа… кога влегов и те видов легнат на кревет, без изгореници… не сфатив. Не прифатив. Не можев да поверувам дека е готово, дека те изгубив засекогаш. Само гласот на брат ти одекна до мене: „МАМО, МАМО, НЕ УСПЕА БРАТ МИ, ГО ИЗГУБИВМЕ ЗАСЕКОГАШ!“

Тој крик ми ја распарчи душата. Се обидувавме да те анимираме, да те вратиме… Се борев да ја грабнам твојата душа назад, но Господ не ме послуша. Плачев: „Земи ме мене, Господи, остави го него. Тој е млад, тој е мојата иднина, тој е мојот живот!“ Но не… те изгубив, сине. Те изгубив засекогаш.

Се враќам на тој ден – 16 март 2025 година – денот кога светот престана да постои за мене. Денот кога ми згасна сонцето. Денот кога ја изгубив мојата сила. Зошто, Андреј? Зошто не успеа? Зошто не можеше да се спасиш? Илјада прашања ми горат во мислите, но одговори нема. Само болка. Само црнина.

Животот ми остана темница. Секој здив е како нож. Секој чекор е без смисла. Сине мој, ангеле мој – ми недостигаш повеќе од сè, повеќе од зборови. Те барам во сонот, те очекувам на вратата – да влезеш со насмевка и да ми речеш: „Мамо, тука сум“. Но се будам, и вистината пак ме убива. Ќе продолжам да пишувам пораки што никогаш нема да стигнат. Ќе продолжам да те барам во секоја светлина, во секој здив, во секое срце што чука околу мене. Зашто ти, Андреј мој си и ќе останеш мојата вечна љубов, мојата вечна рана, мојата вечна болка“, пишува мајката на Андреј.

Continue Reading

Previous: „Мајка ми утрово си тргна здрава и жива на пазар, а заврши со брза помош во болница со скршеници“
Next: Боки 13: Бев будала што верував во шарената револуција

Слична содржина

Ѓорческа ѝ одржа лекција на Американката Шоп и обезбеди осминафинале во Куршумлиска Бања

Ѓорческа ѝ одржа лекција на Американката Шоп и обезбеди осминафинале во Куршумлиска Бања

17/09/2025
Боки 13: Бев будала што верував во шарената револуција

Боки 13: Бев будала што верував во шарената револуција

17/09/2025
„Мајка ми утрово си тргна здрава и жива на пазар, а заврши со брза помош во болница со скршеници“

„Мајка ми утрово си тргна здрава и жива на пазар, а заврши со брза помош во болница со скршеници“

17/09/2025

Најново

  • Ѓорческа ѝ одржа лекција на Американката Шоп и обезбеди осминафинале во Куршумлиска Бања
  • Боки 13: Бев будала што верував во шарената револуција
  • Емотивен статус на мајката на загинатиот Андреј: Шест месеци без тебе, душата ми е искината на милион парчиња
  • „Мајка ми утрово си тргна здрава и жива на пазар, а заврши со брза помош во болница со скршеници“
  • Мицкоски: Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Ѓорческа ѝ одржа лекција на Американката Шоп и обезбеди осминафинале во Куршумлиска Бања

Ѓорческа ѝ одржа лекција на Американката Шоп и обезбеди осминафинале во Куршумлиска Бања

17/09/2025
Боки 13: Бев будала што верував во шарената револуција

Боки 13: Бев будала што верував во шарената револуција

17/09/2025
Емотивен статус на мајката на загинатиот Андреј: Шест месеци без тебе, душата ми е искината на милион парчиња

Емотивен статус на мајката на загинатиот Андреј: Шест месеци без тебе, душата ми е искината на милион парчиња

17/09/2025
„Мајка ми утрово си тргна здрава и жива на пазар, а заврши со брза помош во болница со скршеници“

„Мајка ми утрово си тргна здрава и жива на пазар, а заврши со брза помош во болница со скршеници“

17/09/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Ѓорческа ѝ одржа лекција на Американката Шоп и обезбеди осминафинале во Куршумлиска Бања
  • Боки 13: Бев будала што верував во шарената револуција
  • Емотивен статус на мајката на загинатиот Андреј: Шест месеци без тебе, душата ми е искината на милион парчиња
  • „Мајка ми утрово си тргна здрава и жива на пазар, а заврши со брза помош во болница со скршеници“
  • Мицкоски: Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.