
Фото: Принтскрин
Пред одржувањето на големата воена парада, која ќе се одржи во сабота, 20 септември, со почеток во 11 часот, припадниците на Министерството за одбранa и Војската на Србија ја изведуваат финалната фаза на подготовките со генерални проби пред Палатата Србија.
На свеченоста ќе биде претставено знаме долго 300 метри, кое ќе го носат учениците од воените училишта. Според проценките, во парадата ќе учествуваат околу 10.000 припадници на Војската на Србија и Министерството за одбранa.