
Фото: Принтскрин
Денеска се навршуваат шест месеци од трагичниот настан во кочанскиот ноќен клуб „Пулс“, во кој животите ги загубија 62 млади лица. Трагедијата остави длабоки траги во градот и целата земја, а семејствата и пријателите на настраданите продолжуваат да ја бараат вистината и правдата.
Во нивна чест, родителите на загинатите организираат меморијален „Марш за Ангелите“, кој ќе се одржи попладнево.
Маршот ќе започне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“, а потоа поворката ќе се движи по предвидената траса низ централното градско подрачје – покрај општинската зграда, Управата за јавни приходи, полициската станица, судот и обвинителството, за повторно да заврши во паркот каде што ќе бидат оддадени почести.