
Фото: Принтскрин
Трагедијата со атентатот врз американскиот конзервативен активист Чарли Кирк доби нова димензија откако во јавноста се појавија безбедносни снимки кои, според истражителите, го прикажуваат осомничениот Тајлер Робинсон како неколку часа пред нападот прави т.н. „dry run“ – проба на движењето по истата рута по која подоцна ќе се упати кон Универзитетот Јута Вали.
Видеоматеријалот, објавен од порталот TMZ, го прикажува маж кој наликува на Робинсон како во средата наутро, околу 8 часот, се движи во близина на универзитетскиот кампус. Според истражните органи, тоа било околу четири часа пред Кирк да биде застрелан.
Истрагата дополнително потврдува дека Робинсон внимателно го испланирал нападот, а снимките од безбедносните камери се сметаат за клучен доказ во процесот.
New footage shows Tyler Robinson casing path to campus, hours before walking same path to UVU. pic.twitter.com/57TGSlLBjZ
— Julius (@TodaywithJulius) September 13, 2025