
Фото: Принтскрин
Во сообраќајна трагедија што се случи во главниот град на Бугарија, Софија, едно лице го загуби животот. Несреќата се случила кога автомобил, движeјќи се со огромна брзина, излетал од коловозот и се забил во дрво.
Според информациите на бугарските медиуми, возачот починал на самото место, без можност за укажување лекарска помош. На социјалните мрежи веќе кружат снимки од местото на несреќата, на кои се гледа колку силен бил ударот – возилото е располовено и целосно уништено.
Експертите укажуваат дека причина за несреќата е екстремната брзина. Дијана Русинова од Европскиот центар за транспортни политики изјави дека автомобилот се движел со неверојатни 218 километри на час, и тоа на делница каде што ограничувањето било 70 километри на час, пренесе бугарската национална телевизија БНТ.