Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(Видео) Нова лага за Тијана која настрада во Будва: Ѝ нуделе парасејлинг, а по инцидентот мислеле план како да се спасат

Gladiator 15/09/2025

Фото: Facebook

Девојка од Нови Сад, Тијана Р. (19), почина од тешки повреди на градниот кош откако на 28 мај падна во море за време на парасејлинг во Будва. Нејзиното семејство предупредува дека трагедијата можела да се спречи доколку биле почитувани основните безбедносни процедури.

Адвокатот на семејството, Мирко Богичевиќ, за весникот „Побједа“ изјави дека двајца скпипери – еден од Белград и еден турски државјанин – кои управувале со глисерот за кој бил прикачен падобранот, дури по четири минути од падот сфатиле дека девојката повеќе не е на падобранот. „На снимката се слуша како во паника прашуваат: ‘Каде е девојката, каде исчезна?’ и со глисерот прават кругови барајќи ја,“ вели Богичевиќ.

Наместо веднаш да ја известат полицијата или спасувачките служби, членовите на екипажот разговарале што да ѝ кажат на мајката на Тијана. „На англиски јазик се слуша како велат: ‘Ќе и кажеме дека е жива, но тешко повредена’, иако веќе било јасно дека девојката не преживеала,“ нагласува адвокатот.

Тој потсетува дека Тијана на кобниот ден била на плажа „Могрен“ со својата стрина, на која ѝ помагала околу бебето. Неколку момчиња ѝ пријдоа и ѝ понудија бесплатен лет со парасејлинг за потребите на рекламно видео. Таа прифатила да лета, но не дала дозвола снимките да се користат во комерцијални цели.

Иако скиперите претходно ја информирале дека постои камера на падобранот која го снима летот, не постоела никаква директна комуникација помеѓу неа и екипажот. „На снимката се гледа дека првите седум-осум минути летот бил безгрижен – Тијана им мафта на блиските од брегот, ги потопува нозете во морето и се смее. Но, потоа падобранот нагло почнал да се спушта кон водата. Кога скиперите дале гас, падобранот повторно нагло се издигнал високо над морето, а во позадина се гледал целиот будвански залив. Токму тогаш таа почнува да покажува страв и гласно зборува дека ѝ е страшно,“ опишува адвокатот Богичевиќ.

Истражните органи во Црна Гора ја водат истрагата за овој случај, а семејството на Тијана бара одговорност за трагедијата која, како што тврдат, можела да биде избегната.

Tags: Будва Тијана

Continue Reading

Previous: (Видео) „Гробари“ налетале на заседа: „Делии“ ги нападнале со метални шипки и палки
Next: (Видео) На раб на нов инцидент: Вашингтон испрати авиони, распоредени се и воени бродови

Слична содржина

Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето

Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето

20/12/2025
(ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец

20/12/2025
Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак

Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак

20/12/2025

Најново

  • Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето
  • (ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец
  • Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак
  • Македонија во тага: Почина познат македонски актер кој беше идол на многу генерации
  • (ФОТО) Голема трагедија ја потресе Македонија: Загина 17-годишниот Доне Димов

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето

Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето

20/12/2025
(ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец

20/12/2025
Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак

Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак

20/12/2025
Македонија во тага: Почина познат македонски актер кој беше идол на многу генерации

Македонија во тага: Почина познат македонски актер кој беше идол на многу генерации

20/12/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето
  • (ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец
  • Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак
  • Македонија во тага: Почина познат македонски актер кој беше идол на многу генерации
  • (ФОТО) Голема трагедија ја потресе Македонија: Загина 17-годишниот Доне Димов

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.