
Тyлер Робинсон (22) од Јута е осомничен дека го ликвидирал конзервативниот коментатор и соосновач на „Turning Point USA“, Чарли Кирк, кој беше убиен со еден прецизен истрел за време на настан на Универзитетот во Јута, пред околу 3.000 луѓе.
Наводно убијцата, кој бил уапсен по 34 часа потрага, во меѓувреме на „Discord“ си разменувал шеговити пораки со онлајн пријатели. Кога еден од нив го споредил со осомничениот на фотографиите што ги објави ФБИ, Робинсон саркастично одговорил дека „двојникот“ му прави проблеми. Други пак му пишале: „Тyлер го уби Чарли!“, на што тој продолжил во ист тон на шеги.

ФБИ го лоцираше оружјето – снајперска пушка со затворач – оставена во близина на местото. Наводно, таткото и уште еден близок семеен пријател го убедиле Робинсон да се предаде.
И покрај неговите обиди да ја претвори ситуацијата во шега, пораките што ги оставил само уште повеќе го поврзуваат со делото. Некои содржеле и коментари за наводен „манифест“ и симболични натписи на муниција пронајдена на местото на настанот.
Убиството на 31-годишниот Кирк ја потресе американската јавност и политичката сцена. Гувернерот на Јута го нарече настанот „пресвртница во американската историја“, а Доналд Трамп – „гнасна ликвидација“.
Очекувањата се дека Робинсон формално ќе биде обвинет во наредните денови.