
Фото: Принтскрин
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжува со одличните настапи во Романија и избори ново финале, откако со убедливи 2-0 во сетови (6-2, 6-2) ја совлада првата носителка на турнирот, Гркинката Деспина Папамикали.
Иако Папамикали важеше за главна фаворитка на турнирот и моментално е пласирана на 222. место на ВТА листата, сепак немаше одговор на агресивната и прецизна игра на Ѓорческа, која во последниот период е во врвна форма.
Македонската тенисерка успеа да го контролира ритамот на натпреварот од самиот почеток, освојувајќи ги двата сета со идентични 6-2.