
Фото: Принтскрин
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со импресивните настапи во Романија, обезбедувајќи пласман во полуфиналето на турнирот во Букурешт. Таа со 2-0 во сетови ја совлада финската тенисерка Лаура Хиетаранта, потврдувајќи дека се наоѓа во врвна форма.
Првиот сет мина целосно во знакот на Ѓорческа, која со три брејка на противнички сервис успеа да го добие со 6-3. Во вториот дел Хиетаранта поведе со 2-0, но македонската шампионка веднаш возврати со сигурна игра, направи пресврт и поведе со 3-2. До крајот на сетот не дозволи изненадување и славеше со уште едни 6-3.
Овој резултат е само продолжение на нејзината одлична форма – минатиот викенд Ѓорческа стигна до трофеј на турнир во Романија, а сега е на само еден чекор од ново финале.