
Фото: Принтскрин
Дрисла веќе неколку дена го гуши главниот град на Република Македонија, а тоа предизвика протест во Скопје, но и бурни реакции по социјалните мрежи.
Анџелика Колева преку социјалните мрежи реши да испрати јасна порака до сите кои очигледно не го сфаќаат сериозно проблемот со депониите.
„Не сте преживеале канцер, затоа ви е океј да терате предизборни кампањи наместо да ангажирате сѐ што е војска и полиција да ги чува депониите.
Не сте чекале ред на онкологија за хемотерапија, затоа ви е океј да дишеме ваков воздух на смрт што мириса.
Не се треселе вашите фамилии пред оперативна сала дали ќе го извадат цел тумор, и не сте чекале резултати од пет скен дали имате метастази, затоа океј ви е да гледате вакво сонце.
Вашите деца не ли го дишат овој отров?! Или безбедни се по школи по светот на чисто и здраво, а ние овде ко случаи за посматрање колку стапа можеме да издржиме?! За децана од Кочани што изгинаа имаше сториња неколку дена и никој веќе не спомнува.За Онкологија исто така!И ред останати глупоштии!Ова е растроена нација,психички оболена за лајкови и интеракција на мреживе.Непотресени за ништо.За ништо не ги боли, освен за продолжен викенд да врзат.Додека не еволуира овој народ нема спас.Составот на нашава држава е од Партиски полтрони и ништо повеќе од тоа.Во состојба сте да се угушите самите себеси.Што правиме со вашите деца м?Или ај ништо не е битно ќе клатам врата и зимам плата!Каков народ-таква држава!Толку!СТАВАЈТЕ МАСКИТЕ…да се заштитите де“, објави Колева.