
Фото: Принтскрин
Утрово повеќе делови од Скопје повторно се соочија со магла и загаден воздух, што дополнително ги вознемири жителите. Непријатниот мирис кој денови наназад се чувствува во главниот град и натаму доаѓа од депонијата „Дрисла“.
Најкритична е состојбата во населбите Аеродром и Ново Лисиче, каде што вчера жителите организираа нов протест
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во утринските часови изјави дека чадот кој се појавува од депонијата е значително намален, но сè уште е присутен. Тој додаде дека ова не е главната причина за маглата која го прекрива Скопје, туку станува збор за магла.