
Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри дека комуникацијата со заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, се одвива исклучиво на англиски јазик.
Изјавата дојде како реакција на новинарско прашање, упатено поради тоа што Фетаи одбива да говори на македонски јазик при јавни настапи и изјави, иако прашањата му се поставуваат токму на македонски.
„Нашата комуникација се одвива на англиски јазик. Тој има исклучително квалитетна биографија позади себе, школуван е на врвни универзитети. Знам дека не му е таа намерата како што се обидуваат одредени центри поради политичка злоупотреба да ја дефокусираат јавноста, бидејќи се обидува, се труди да го учи и да го зборува македонскиот јазик. И знам изминатите 15 месеци колку енергија вложува во сето тоа“, кажа Мицкоски.