
Фото: Принтскрин
Пред неколку дена во делчевското село Разловци избувна силен пожар кој зафати семејна куќа и неколку помошни објекти во сопственост на Николчо Гоцевски. За среќа, нема повредени лица, но материјалната штета е огромна, а локалните жители се во шок од настанот.
Пожарот целосно уништи дел од имотот на семејството, а соседите и општината веќе се организираат за да помогнат. За да се олесни обнова на куќата и да се надомести дел од штетата, е отворена и банкарска сметка за донации, вклучително и од странство, за сите кои сакаат да дадат помош на семејството Гоцевски.