
Фото: Принтскрин
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува да се истакнува на турнирот во Букурешт, Романија, откако денеска ја забележа новата значајна победа, совладувајќи ја Џорџија Андреа Крајчун со 2-1 во сетови, по резултат 6-4, 4-6 и 7-5.
Првиот сет беше изедначен, со ретко зачувани сервиси од двете страни. Клучниот момент дојде во 10. гем, кога Ѓорческа успеа да направи брејк и да го добие сетот со 6-4.
Во вториот сет македонската тенисерка започна одлично со брејк во третиот гем, но Романката брзо возврати и со уште еден брејк на крајот го освои сетот со 6-4, враќајќи го натпреварот во неизвесност.
Третиот сет беше вистинска тениска драма. Ѓорческа поведоа со 3-0, но противничката успеа да израмни на 3-3. Во клучните моменти, македонската тенисерка го покажа својот карактер и концентрација, направи уште еден брејк и го освои сетот со 7-5, обезбедувајќи си пласман во следната рунда.