
Фото: ФФМ
Македонската фудбалска репрезентација одигра убедлив натпревар во Скопје и со високи 5-0 славеше против Лихтенштајн, со што ги зацврсти амбициите за пласман на Светското првенство.
„Црвено-жолтите“ доминираа во сите сегменти на играта, а вистински блесок на теренот имаше Елиф Елмас, кој уште еднаш потврди зошто е еден од лидерите на оваа генерација.
„Одигравме квалитетен натпревар, знаевме овие три бода колку се важни. Искрено се надевам дека вака ќе продолжиме. Се ежам кога се зборува за Мундијалот, од самиот почеток целам на највисоко ниво, затоа и сме тука, даваме сè од себе за да ги исполниме нашите, но и соништата на многу деца“, кажа Елмас