
Фото: Принтскрин
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го освои турнирот во Слобозија, Романија, откако триумфираше во финалето против Елена Руксандра Бертеа.
Ѓорческа го загуби првиот сет од романската тенисерка со 3-6, но во следниот возврати на идентичен начин (6-3) и израмни на 1-1 во сетови.
Последниот сет понуди големи возбудувања, а Ѓорческа најпрво поведе со 2-0, но потоа нејзината противничка израмни на 2-2. Во драматична завршница, Македонката успеа да стигне до посакуваниот триумф (6-4) и нова титула во кариерата.