
Фото: Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT
Македонското таеквондо доби нова голема причина за гордост. Репрезентативецот и еден од најголемите спортски таленти во државата, Андреј Василевски, член на Таеквондо клуб „Бутел“, денеска освои златен медал на официјалниот Г1 турнир во Сен Гален, Швајцарија, во категорија јуниори до 63 килограми.
Василевски, кој важи за сериозна надеж на македонското таеквондо, имаше блескави настапи во сите борби. Во првото коло со 2:1 го совлада Емил Бовсуновски од Украина. Потоа, во полуфиналето, покажа одлична борбеност и со чисти 2:0 славеше против Александер Давид Тако од Шпанија. Финалето го заврши со ист резултат, 2:0, против домашниот претставник Ноур Боурхала од Швајцарија, со што ја заокружи својата доминација на турнирот.
Големиот успех Василевски го постигна под водство на помошник-селекторот на репрезентацијата, Стефан Костовски, кој ја водеше тактиката и го поддржа во текот на сите мечеви.
Фото: Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT