
Фото: Принтскрин
Во вечерните часови денеска избувна пожар во близина на Берово, над селото Русиново. Според првичните информации, огнените јазици се прошириле на поголема површина од шумскиот предел, а пламенот е видлив и од околните населени места.
„Малеш Нет“ објави снимка од пожарот, а глетката навистина е застрашувачка. Во моментов се очекуваат повеќе информации од терен.