
Основното јавно обвинителство Скопје нареди спроведување истражна постапка против едно лице, поради основано сомнение за вршење на други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.
Осомничениот, 24-годишник, во својот дом во Волково, неколку пати вршел полови дејствија врз детето, со кое имал роднинска врска, при што не се работело за вагинална, анална или орална пенетрација. Тој ја искористил можноста девојчето да биде само во неговиот дом, бидејќи живееле во одвоени куќи во ист двор, и ја заплашувал да не кажува на таткото, со закани дека ќе биде казнувано.
Јавниот обвинител предложи определување притвор, посочувајќи ја опасноста осомничениот да оствари контакт со детето и потребата за заштита на жртвата. Исто така, беа земени предвид ризиците од бегство и можноста да влијае врз истражната постапка. Судот го прифати предлогот и му определи мерка притвор од 30 дена.