
Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин порача дека сите западни воени сили кои би биле распоредени на територијата на Украина ќе се сметаат за легитимни цели на руската армија.
„Доколку таму се појават трупи, особено во овој период на активни воени операции, ние поаѓаме од тоа дека тие ќе бидат легитимни цели за уништување“, изјави Путин на економскиот форум во Владивосток.
Тој додаде дека смислата на ваквото присуство би била целосно изгубена доколку се донесат одлуки што би воделе кон стабилен и траен мир. ж„Ако постојат конкретни чекори што ќе доведат до долгорочен мир, тогаш не гледам никаква причина тие сили да бидат на украинска територија. Точка“, нагласи рускиот лидер.