
Фото: Принтскрин
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со студенти упати остри критики за состојбата во која се наоѓа државата, нагласувајќи дека младите луѓе денес живеат во Македонија без реална перспектива и можности за развој.
Тој посочи дека отсуството на јасна стратегија за развој на пазарот на труд, растечката сиромаштија и недостигот на квалитетни работни места создаваат чувство на безнадежност кај младата генерација. Според него, доколку не се преземат итни и конкретни мерки, Македонија ризикува да остане без својот највреден потенцијал – младите и образовани луѓе.
„Бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе.Бев во Делчево и го кажувам како пример. Во овој град секоја година во просек матуираат околу 100 ученици. Годинава, 90 од нив се запишале на факултети во Бугарија. Зошто? Затоа што кај нас нема универзитет што е на Шангајската листа. Немањето стратегија за унапредување на пазарот на труд, растечката сиромаштија, се само дел од причините поради кои младите својата иднина ја гледаат надвор од Македонија“, посочи Филипче.