
Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин ја оцени својата официјална посета на Кина како „позитивна и корисна“, нагласувајќи дека разговорите со кинеското раководство биле особено продуктивни. Според него, еден од клучните резултати на посетата е постигнувањето на важен договор за гасоводот „Сила на Сибир 2“, кој претставува значаен енергетски проект меѓу Русија и Кина.
Путин се осврна и на војната во Украина, истакнувајќи дека Русија, како што вели, не се бори за територија. Во таа насока, тој упати отворена покана до украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Реков – да, можно е. На крајот, ако Зеленски е подготвен, нека дојде во Москва“, изјави Путин, сигнализирајќи дека Русија е отворена за дијалог, доколку постои волја од украинска страна.