
Фото: Принтскрин
Силно невреме денес ја погоди Србија, а Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) не престанува да издава итни предупредувања. Во Ваљево паѓал силен град, додека улиците на Крагуевац се целосно поплавени!
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат улиците на Крагуевац како се претворени во реки по поројните дождови.
Невремето го зафати градот во попладневните часови, а поради обилните врнежи, водата набрзо ги поплави улиците, предизвикувајќи хаос во сообраќајот и сериозни потешкотии за граѓаните.