
Фото: Принтскрин
Александар Волкановски, еден од најпознатите и најуспешни борци во ММА во изминатата деценија, викендов покажа уште еднаш дека силно го негува своето македонско потекло. Во Австралија тој беше дел од свадбена свеченост во улогата на девер, исто како што некогаш тоа го правел и неговиот татко.
Ѕвездата на УФЦ со голема посветеност ги следеше сите традиционални обичаи. На рамото гордо носеше шише со ракија за сватовите, а вистинско внимание привлече и со вештото играње на македонско оро во дворот на домот на невестата.
Присутните гости беа воодушевени што еден светски познат спортист, и покрај славата, останува близок до своите корени и обичаи.