Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тепачка тетово трагедија убиство украина црква

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

„Патриоти полупијани вејат знаме, а потоа се креваат на српска шунд музика“: Остра реакција од Ефто Пупиноски

Gladiator 28/08/2025

Фото: Принтскрин

По расправиите што се отворија меѓу градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, пејачот Спасен Силјаноски и дел од музичарите во врска со изборот на гостите на годинашниот Тиквешки гроздобер, со своја јавна порака се огласи и легендата на македонската народна музика Ефто Пупиноски.

Во подолг и искрен коментар на социјалните мрежи, Пупиноски потсети дека уште пред повеќе од половина век ги отворал темите поврзани со заштитата и негувањето на националниот идентитет преку музиката, но најчесто тоа го правел сам, без поддршка.

„Ги почитувам твоите напори да застанеш во одбрана на интересите на фелата како и на националните интереси ,ама пред се требаше да дојдеш на една консултација кај мене бидејќи јас овие теми ги третирав уште пред пола век.Сум реагирал сум укажувал на решенија ,сум се впуштал во огнот и во сите случаеви сум останувал сам.

Доживував навреди , сопки ,клевети ,и казни и ја добив од својата фела етикетата “незгоден”.Значи ако застанам во одбрана на заедничките интереси на фелата,во одбрана на своето достоинство јас сум едноставно кажано “незгоден”

Кога ќе проанализирам што сум зборувал децении наназад и што сум нудел како решение за жал длабоко сум во право.Еве со вашата индеферентност и мелчење господа непочитувани колеги до каде ја дотуркавме.

Зарем треба дасе зборува за важноста од зачувување и зајакнување на нашите национални интереси и нашето национално ткиво.И имали нешто поконкретно и појасно од тоа да искомпонираш и да отпееш песна на македонски јазик со сите национални обележја и таа песна дасе обнароди.Има ли нешто повредно од тоа?Јас такви песни како нова вредност во македонската културна ризница сум внесол шест-седум сите со над милионски преслушувања на јут-јуб.(Лихнида е балкански хит,а Туѓаси бескрајно преслушана во околу 15 милиони пати.).Која е вредноста на оној шунд од север кој многу скапо го плаќате бе патриоти ?

Ќе наведам неколку причини за ваквава состојба во Македонија :

1.Кључниот проблем е македонската проклетија да несиги почитуваме своите вредности.Нашата проклетија да несиверуваме во своите способности.Нашата проклетија самите во секоја можна прилика дасисе ставаме во позиција граѓани од втор ред. (Погубно ).

Нашата реалност во две-три реченици.Нашите македонски патриоти полупијани го вејат македонското знаме,пејат патриотски песни од деветнајсти век,размислуваат како да земат и само да земат од државата,рецитираат “македонијо во срце те носиме”.

свршуваат на српска шунд музика и строго водат сметка македонските пејачи случајно данесе збогатат.

Колку истрошено,безвредно,испрдено звучат изразите легенди,доаени ,ѕвезди заради грубата реалност македонска.

Ј.Христоски ,А.Сариевски,Н.Бадев,В.Илиева и.т.н.умреа релативно сиромашни.НАСПРОТИ,нашите патриоти секогаш наоѓале пари за новокомпонираниот шунд од север и буквално ги плаќаат со куп пари.Тие наградените и до педесет пати повеќе од нас за иста работа во знак на благодарност им испраќаат бакнежи на патриотите и им велат “ја вас волим , висте најбоља публика на свету”.И не само тоа,и знамето македонско го опашуваат околу себе од љубов кон Македонија .Некои од нив велат дека се чувсвуваат како макадонци.МИЗЕРИЈА.

Штосе однесува до Јанчев и слични на него тие на своите гласачи им ја обезбедува духовната храна која тие сија сакаат.Ги заболе тие градоначалници за идентитетските и национални интереси.Важно им е утре да имаат гласачи за нив.Од ефтино -поефтино ,од проѕирно -попроѕирно.

2.Неразбравме ниту во 21.век дека заедничките интереси заеднички се бранат и дека со бранење на заедничките ги браниме и личните интереси.

Несвативме дека неорганизиран поединец е како лист на ветар ,немоќен и незаштитен. И кој бине штител ако не самите?АМА:Ние како естрадна фела несме опфатени нисо еден закон,подзаконски акт или слично.Значи ние званично во Македонија не постоиме.Од тоа произлегува дека ние несме здружени во валидна функционална естрада.. која биги регулирала нашите права и обврски во естрадната дејност.Исто така ние немаме синдикат кој биги штител нашите интереси.Многу впечатлива беше ситуацијата од пред десетина месеци кога на редица пејачи им беа откажани настапите во дијаспората (пред се во Австралија )затоа што пееле за оваа си или онаа партија и сето тоа под притисок на квази патриоти од дијаспората.Кој застана во одбрана на пејачите?НИКОЈ!Да имавме синдикат или естрада на тие патриоти кратко и јасно ќеим беше кажано дасија гледаат својата работа зошто ако и понатака се мешаат можат дане добијат ниту пејач ниту оркестар.

За потребата од организирање на естрадните уметници зборувам пола век.Неможе дасе објасни и дасе разбере незаинтересираноста на членството за овој вид на организирање кое во западниот свет функционира преку 100 години и кое организирање е без алтернатива.Да бевме организирани во голема мерка ќе го регулиравме и овој наплив на пејачи од север.

3.Неспорно свој дел кон губење на идентитетот имаат сите досегашни влади кои законски ги обврзуваат медиумите да емитуваат македонска музика.

(Мислам само 30 %.)Абе што дасе каже.Ало ,уште ли не има ,уште ли преткаме?Да бевме организирани и во овој дел ќе имавме сериозно влијание.

И така господине Спасен-ни нема спас бидејќи го имаме најсериозниот проблем -ЧИПОТ во главата на македонскиот патриот-чипот македонска проклетија.

НАПОМЕНА;Вам со коментарите дозволено вие да ме псуете,даме плукате во своите коментари,даме клеветите,даме омаловажувате,и.т.н.тоа е ништо во споредба со проклетијата која од раѓање ние македонците во себе ја носиме“, објави тој.

Tags: Ефто Пупиноски

Continue Reading

Previous: Тошковски: Пешаците ќе бидат казнети ако користат мобилни телефони
Next: Мицкоски: За 20 проценти ги зголемивме платите на социјалните работници во Македонија

Слична содржина

Верниците во Струга под отворено небо држат литургии, општината не им дозволувала изградба на црква

Верниците во Струга под отворено небо држат литургии, општината не им дозволувала изградба на црква

28/08/2025
(Фото) Младиот Јован се поклони на празникот со препливување од Струга до Радожда

(Фото) Младиот Јован се поклони на празникот со препливување од Струга до Радожда

28/08/2025
Арсовска: Би сакала од Командант Барути уште еднаш гласно да слушнам како јадел ќотек

Арсовска: Би сакала од Командант Барути уште еднаш гласно да слушнам како јадел ќотек

28/08/2025

Најново

  • Верниците во Струга под отворено небо држат литургии, општината не им дозволувала изградба на црква
  • (Фото) Младиот Јован се поклони на празникот со препливување од Струга до Радожда
  • Арсовска: Би сакала од Командант Барути уште еднаш гласно да слушнам како јадел ќотек
  • Мицкоски: За 20 проценти ги зголемивме платите на социјалните работници во Македонија
  • „Патриоти полупијани вејат знаме, а потоа се креваат на српска шунд музика“: Остра реакција од Ефто Пупиноски

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Верниците во Струга под отворено небо држат литургии, општината не им дозволувала изградба на црква

Верниците во Струга под отворено небо држат литургии, општината не им дозволувала изградба на црква

28/08/2025
(Фото) Младиот Јован се поклони на празникот со препливување од Струга до Радожда

(Фото) Младиот Јован се поклони на празникот со препливување од Струга до Радожда

28/08/2025
Арсовска: Би сакала од Командант Барути уште еднаш гласно да слушнам како јадел ќотек

Арсовска: Би сакала од Командант Барути уште еднаш гласно да слушнам како јадел ќотек

28/08/2025
Мицкоски: За 20 проценти ги зголемивме платите на социјалните работници во Македонија

Мицкоски: За 20 проценти ги зголемивме платите на социјалните работници во Македонија

28/08/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Верниците во Струга под отворено небо држат литургии, општината не им дозволувала изградба на црква
  • (Фото) Младиот Јован се поклони на празникот со препливување од Струга до Радожда
  • Арсовска: Би сакала од Командант Барути уште еднаш гласно да слушнам како јадел ќотек
  • Мицкоски: За 20 проценти ги зголемивме платите на социјалните работници во Македонија
  • „Патриоти полупијани вејат знаме, а потоа се креваат на српска шунд музика“: Остра реакција од Ефто Пупиноски

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.