Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Димитриеска-Кочоска: Растот на платите го надминува зголемувањето на цените

Gladiator 28/08/2025

Фото: Принтскрин

Инфлацијата претставува сериозен економски предизвик во цела Европа, но во Македонија растот на платите е повисок од растот на цените, што значи дека животниот стандард на граѓаните не е намален. Ова го изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето во централниот Дневник на ТВ Сител.

Таа нагласи дека Владата паралелно работи на краткорочни мерки кои имаат за цел да ги ублажат непосредните последици од инфлацијата, особено кај ранливите категории на граѓани. Сепак, според министерката, клучниот приоритет остануваат долгорочните структурни реформи и насочување кон инвестиции што треба да обезбедат стабилен економски раст.

„Кај нас, само во изминатата година, имаме раст на просечната плата од 10,1%. Во исто време, инфлацијата во последниот месец изнесуваше 4,8%, што значи дека животниот стандард не е намален – напротив, растот на платите е повисок од растот на цените. Инфлацијата е сложен проблем и нема „магично стапче“ за решавање. На краток рок, можат да се применуваат мерки како замрзнување на цени или маржи, но на долг рок потребни се суштински реформи. Токму затоа постојано нагласувам дека е неопходно поголемо вложување во земјоделството. Најголем раст на цените бележиме кај овошјето и зеленчукот, а тоа е директна последица од недоволното производство и климатските услови. Базичната инфлација е таа што го создава најголемиот ценовен притисок, особено преку услугите во угостителството. Тоа пак е резултат на растот на просечната плата, па потребни се подетални анализи за да можеме да направиме најреални проекции на инфлацијата и врз основа на нив да донесеме соодветни одлуки за даночната политика. Важно е да се нагласи дека минималната плата порасна за 5,6%, а просечната за над 10%, додека инфлацијата е 4,8%. Тоа значи дека животниот стандард не е намален, напротив – за разлика од периодот кога опозицијата беше на власт. Ако се погледнат податоците, тогаш просечната и минималната плата пораснаа за околу 35%, но цените на храната се зголемија за 39%. Тоа јасно покажува дека во тој период стандардот на граѓаните беше нарушен, додека сега имаме подобрување“, кажа Димитриеска-Кочоска.

Tags: Гордана Димитриеска-Кочоска министерка финансии

Continue Reading

Previous: (Видео) Русија имаше еден од најжестоките напади врз Киев – испали 598 дронови и 31 ракета
Next: Тошковски: Пешаците ќе бидат казнети ако користат мобилни телефони

Најново

  • (ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!
  • (ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!
  • (ВИДЕО) Иран започна нов бран дронски напади врз израелската воена индустрија!
  • Тајни преговори на хоризонтот: Техеран отворен за договор со Вашингтон!
  • (ВИДЕО) Насилството врз жените не познава граници: време е за одговорност и заштита!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!

(ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!

24/03/2026
(ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!

(ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!

24/03/2026
(ВИДЕО) Иран започна нов бран дронски напади врз израелската воена индустрија!

(ВИДЕО) Иран започна нов бран дронски напади врз израелската воена индустрија!

24/03/2026
Тајни преговори на хоризонтот: Техеран отворен за договор со Вашингтон!

Тајни преговори на хоризонтот: Техеран отворен за договор со Вашингтон!

24/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!
  • (ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!
  • (ВИДЕО) Иран започна нов бран дронски напади врз израелската воена индустрија!
  • Тајни преговори на хоризонтот: Техеран отворен за договор со Вашингтон!
  • (ВИДЕО) Насилството врз жените не познава граници: време е за одговорност и заштита!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.