
Фото: Принтскрин
Марко Пејчиновски вечерва го заокружи својот најголем спортски предизвик досега – учество во ултимативната „Ајронмен“ триатлон дисциплина, совладувајќи речиси 107 километри и со пливање триумфално пристигнувајќи на пристаништето во Охрид.
Херојската авантура започна со маратонско трчање од 42,2 километри, кои Пејчиновски ги истрча за 7 часа и 47 минути.
Потоа следеше втората фаза – велосипедска делница од 42,2 километри, совладана за 2 часа и 32 минути. Најголемиот предизвик дојде на крајот: пливање во водите на Охридското Езеро во должина од дури 22,4 километри, што младото момче го исплива за неверојатни 9 часа и 29 минути.