
Фото: Принтскрин
Во Струга утринава беше одржана свечена литургија по повод Успението на Пресвета Богородица – празник кој во народот е познат како Голема Богородица. Со овој ден завршува двонеделниот пост, а стотици верници од Струга и околината се собраа на заедничка молитва под отворено небо, на просторот во близина на Женска плажа.
Иако ова место веќе повеќе од една деценија е традиционално собиралиште за богослужби на овој ден, верниците и натаму се соочуваат со проблеми. Тие истакнуваат дека со години бараат дозвола за изградба на црква, но нивните иницијативи не наидуваат на разбирање кај општинските власти, пишува „Алфа“.
Целото видео може да се погледне на „Алфа“.