
Фото: Принтскрин
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против лице осомничено за кривичното дело „тешка телесна повреда“ според член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Инцидентот се случил на 23 август во попладневните часови пред угостителски објект во скопската населба Автокоманда. Според првичните информации, осомничениот прво вербално ја навредувал жртвата, а потоа со пластична гајба наполнета со стаклени шишиња ја удрил по главата. По нападот, жената почнала обилно да крвари и била зашеметена, по што побарала помош од присутните и од полицијата.
Жртвата веднаш била пренесена со брза помош во болница, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.