
Фото: Принтскрин
Мештаните од тетовското село Отуње доживеале необична и вознемирувачка сцена, кога мечка влегла во нивниот двор и се искачила на терасата од семејната куќа. Настанот бил снимен со мобилен телефон и објавен од „Тетово инфо“.
Според сведочењата, животното без никаква возбуда и страв се движело по терасата, а потоа се качило на масата каде што почнало да ја јаде храната што била оставена.