
Фото: Принтскрин
Во најновиот бран насилства во Појасот Газа, израелските сили извршиле напад врз медицинскиот комплекс „Насер“ во градот Кан Јунис, каде што директна мета биле палестинските спасители. Според локалните извори, во нападот животот го загубиле најмалку 11 лица, меѓу кои и тројца новинари.
Нападот се случил во момент кога во објектот биле присутни екипи за итна медицинска помош кои се обидувале да спасат повредени лица од претходните бомбардирања. Меѓу загинатите се и новинарите Мохамед Салама, Хусам ал-Масри и Маријам Абу Дака, кои биле на лице место за да ја документираат состојбата и страдањата на цивилното население.