
Фото: Принтскрин
Тешка сообраќајна несреќа ја потресе американската сојузна држава Њујорк, откако туристички автобус со повеќе од 50 патници се судри со камион на автопатот I-90, во близина на градчето Пембрук, на околу 50 километри од Бафало.
Според полициските извори, несреќата има трагични последици – загинале неколку лица, а десетици се повредени. Дел од патниците останале заробени во уништената каросерија на автобусот, додека други биле исфрлени при силниот удар. На терен веднаш биле упатени голем број спасувачки екипи, пожарникари и медицински тимови, а во акцијата за извлекување и транспорт на повредените биле вклучени и хеликоптерите на Mercy Flight. Засега е потврдено дека четворица патници се пренесени во болници, а најавено е дека ќе бидат евакуирани уште најмалку двајца.
Првичните информации укажуваат дека најголем дел од патниците биле туристи од Индија, Кина и Филипини, меѓу кои имало и деца.